Јанева предлага кривична одговорност и за партиите

Скопје, 29 септември 2016 (МИА) - Специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, во денешното обраќање на меѓународната конференција на тема „Спречување на корупцијата и заробената држава во Југоисточна Европа“, рече дека исклучително важно прашање е кривичната одговорност на политичките партии, а во кое како клучни спротивставени интереси се појавуваат интересите на правдата и интересите на демократијата.

- И покрај тоа што историскиот развиток на казненото право се движеше во насока на напуштање на колективната одговорност, новите тенденции укажуваат на тоа дека индивидуалната казнена одговорност е сепак недоволна. Некои казнени дела се извршуваат од името на колективот и зазадоволување на неговите интереси. Поради тоа, се смета за праведно да се казни целиот колектив како таков, а не само неговите поединци. Таков интерес на правдата постои и во поглед на политичките партии, рече Јанева.

Во оваа насока и според македонскиот кривичен законик, појасни обвинителката Јанева, политичката партија може да биде одговорна како правно лице, но досега, подвлече, ниту една политичка партија не одговарала за сторено кривично дело. Според неа, постои извесен парадокс во однос на ова прашање: политичките партии се носители на највисоките државни функции кога управуваат со државата, меѓутоа, сносат мала или незначителна одговорност за своите постапки.

Во Република Македонија, истакна специјалната обвинителка Јанева, предвидена е кривична одговорност на политичките партии како правни лица и за тоа важат општите и посебните услови за одговорност на правно лице, предвидени во кривичниот законик.

- Оттука, со цел обезбедување на можност и механизам за една политичка партија да одговара, потребно е во посебниот дел од кривичниот законик за тоа кривично дело да е предвидена кривична одговорност на правното лице, а дејствијата на одговорното лице во правното лице да бидат преземени во име, за сметка или во корист на правното лице, рече таа.

Заради зголемување на правната сигурност и ефикасност на Специјалното јавно обвинителство, потребно е, посочи, истото да биде надлежно и за овие кривични дела, доколку овие дела се извршени во врска со делата за кои е надлежно ова Јавно обвинителство.

Прашањето кое се третира на конференцијата нагласи таа, несомнено поврзано со мисијата и мандатот на Специјалното јавно обвинителство кое во неполна година од своето фактичко постоење покажа, рече, дека е институција која поседува кредибилитет, но и лични и институционални капацитети кои се суштински важни да успее во борбата против корупцијата. 

Целта на конференцијата беше отворање дискусија за потребата од зголемување на отпорноста на корупција во земјите од Југоисточна Европа преку зајакнување на граѓанското општество и соработка со јавните институции во регионот и во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...