Студентите месечно заштедуваат над 400 илјади евра со бесплатниот градски превоз

Скопје, 29 септември 2016 (МИА) – Околу 22 илјади студенти ги користат поволностите од проектот за бесплатен јавен превоз за студенти со што на месечно ниво заштедуваат околу 400 илјади евра, а на годишно ниво околу 3 милиони евра кои можат да ги искористат за некои нивни други приоритети, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Ова, рече тој, е еден од позначајните од 40-те проекти за младите, што им овозможи бесплатен јавен превоз во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“.

- Тоа овозможи 22.000 студенти кои извадија легитимации за слободен бесплатен превоз практично да заштедат околу 400.000 евра секој месец. Тие 400.000 евра што треба да ги платат за превоз остануваат во џебовите на студентите. Тоа на годишно ниво, ако се одземат оние месеци во летниот период кога не работат факултетите и кога не важат овие поволности, е заштеда од над три милиони евра средства кои наместо да ги уплатат и да платат за јавниот превоз се задржуваат во нивните џебови и можат да ги потрошат за некои други нивни приоритети, истакна Груевски.

Смета дека ова е една од поуспешните мерки што Владата ги промовирала и реализирала.

- Значи, мерката не само што ја ветивме, туку веднаш ја реализиравме, ја ставивме во функција и веќе студентите масовно ја користат. Така е и со голем број од другите 40 проекти за младите. Многу од нив веќе се во функција, некои се во подготовка, а некои се и во завршна фаза. Тие проекти што ги ветивме ќе бидат исполнети, дел се, а дел од нив се во фаза на подготовка за исполнување, рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање по промоцијата на нови дела од едицијата „македонски искушенија“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...