Виолинистката Ајман Мусакаџаева ќе го отвори фестивалот на класична музика „Интерфест“

Битола, 30 септември 2016  (МИА) - Со концерт на Ајман Мусакаџаева народен уметник на Република Казакстан, утревечер во Битола ќе почне 25. издание на Фестивалот на класична музика „Интерфест“. Заедно со Мусакаџаева ќе настапи и пијанистката Сара Асабајева Шакировна со која ќе исполнат дела од Витали, Брамс, Сен-Санс, Бизе-Ваксман и други...

Мусакаџаева е во рангот на најголемите интернационални ѕвезди на виолинската уметност со широка уметничка мисла, со потполна апсорпција на музиката и беспрекорна техника кои и овозможија да освои награди на престижните конкурси во Белград, Џенова, Токио, Хелсинки и интернационалниот конкурс „Чајковски“ во Москва, информираа од „Интерфест“.                                                                                                       Мусакаџаева дипломирала на Конзерваториумот Петар Илич Чајковски во Москва. Во 1992 година го формира Државниот камерен оркестар „Аcademy of Solists” со кој настапува во Русија, САД, Јапонија, Германија, Италија, Австрија. Во 1998 го реализира својот сон, во новата Казакстанска метропола Астана, ја отвора Музичката Академија чиј е ректор, која во 2009 прераснува во, единствена институција во светски рамки, „Казакстански Универзитет на Уметностите”.

Од „Интерфест“ во пресрет на почетокот на фестивалот информираат дека Ајман Мусакаџаева е добитник на значајни титули како што се „Член на Асоцијацијата Чајковски конкурс во Москва”, „Народен уметник”, „Почесен уметник на Узбекистан”, „Академик” на Интернационалната Академија на Уметностите” и големото признание на УНЕСЦО “Аритсте оф пеаце”.

Минатата година беше пропгласена за „Почесен доктор на науки” на Универзитетот на Северна Кореја. За исклучителната општествена дејност е прогласена за „Херој на работата на Казакстан”.  Ајман Мусакоџајева е единствен  уметник од Казакстан кој снима за престижната дискографска куќа „Деутсцхе Граммопхон”.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...