Одбележан Светскиот ден на старите лица

Скопје, 30 септември 2016 (МИА) - Црвениот крст на Македонија денеска го одбележа Светскиот ден на стари лица – 1 Октомври со партнерска средба на тема „Идни предизвици во градот Скопје за работа со лицата во трето доба“.

Според Црвениот Крст во Македонија 15 проценти од вкупното население  се стари лица над 60 години, а овозможувањето здрав и активен живот за нив претставува можност за извор и пренесување на нивното искуство. 

- „1 ви Октомври“ е Светски ден на старите лица. Како организација на која делува на територијата на Република Македонија правиме многу во промоција на грижата и она што значи користење на целокупното професионално животно искуство на лицата во трето доба. Преку четири дневни центри коишто функционираат на територијата на Градот Скопје и во седум општински организации на Црвениот крст се спроведуваат активности со цел промовирање на грижата кон старите лица, а секако и заедничко спојување на тој меѓугенерациски спој помеѓу младите и лицата од третото доба, истакна Сузана Тунева-Пауновска, секретар на Црвен крст на Град Скопје.

Појасни дека волонтерските тимови се составени од медицински сестри кои што се обучени за грижа и делување во домашни услови на 120 корисници на територијата на Град Скопје. Тие, рече таа, секојдневно се присутни во нивните домови со цел за подобрување на условите за живот.

Според Дивна Лакинска, професор по социјална герантологија во пензија, активна во Црвениот крст на Град Скопје и корисник на услугите во дневните центри, социјалната заштита што ја организира Црвениот крст е корисна поради фактот дека во Македонија е зголемен бројот на старо население, како и зголемената долговечност на населението.

- Во центрите се реализираат разни форми на дружење, има социјална и медицинска едукација, дружење и разменување искуство кои влеваат нова енергија и снага во нашиот живот, рече Лакинска.

Волонтерката Елеонра Андонова појасни дека нивната обврска со постарите лица е да ги посетуваат во нивните домови, да им помогнат во пазарењето, да направат прошетки низ парковите, да разговараат со нив...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...