Димовски: Неприфатливи се нови барања за СЈО надвор од договорот од Пржино

Скопје, 4 октомври 2016 (МИА) - Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ останаа на ставовите кои што ги кажаа во однос на барањата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), а тоа е дека нема да прифати никакво разгледување на какви било барања на Специјалното јавно обвинителство од неколку причини, изјави денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Првата причина, рече тој, е дека не прифаќаме никакви нови договарања, предоговарања, проширување на опфат и рокови надвор од тоа што беше во рамките на процесот наречен Пржино.

- Тоа без согласност од ВМРО-ДПМНЕ не може да се случи, а од ВМРО-ДПМНЕ нема согласност за таква работа, поради тоа што се што беше поставено како приоритет и потреба од страна на сите субјекти вклучени во тие разговори, се беше овозможено, рече координаторот на пратеничката група. 

Втората причина, според него, е тоа што од страна на СЈО ова Собрание беше наречено нелегитимно, а ако е нелегитимно нема право ниту да носи закони. 

- Понатаму, не беше доставен финансиски извештај што е прв пат во плуралната историја на Република Македонија, а може и предходно во предходните 50, 60 години во социјализмот. Не паметам, но веројатно е прв пат, воопшто одредена институција која што според законот одговара за својата работа пред Собранието да одбива да даде финансиски извештај за тоа како ги троши парите на граѓаните. Во овој конкретен случај станува збор за повеќе од 60 милиони денари за кои што Собранието беше одбиено да му биде доставен финансиски извештај, рече Димовски.

Самото не доаѓање на седница на Комисијата за политички систем и грубо отфрлање на обврската да се брани извештај, како што кажа Димовски, се исто така доволна причина за пратениците, ценејќи и почитувајќи го Собранието како највисок законодавен дом во Република Македонија, да гласаат спротивно на овие две барања.

Според Димовски, тоа што овие две барања доаѓаат од СДСМ, јасно говори дека практично СДСМ и СЈО се синоним.

- Тоа е исто и нема разлика помеѓу СДСМ и СЈО. Тоа што СЈО го работи е кампања на СДСМ и тоа што СДСМ го работи и помага на СЈО да ја тера кампањата на СДСМ во овој предизборен период. Затоа, со чиста совест, одговорно, спротивно на желбата да се продлабочува политичката криза во Република Македонија која што очигледно одредени партии ја имаат, гласавме против овие барања и ќе гласаме во иднина против вакви барања, рече Димовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...