Груевски во Вашингтон на средби со американски сенатори и конгресмени

 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во рамките на посетата на САД, во Вашингтон имаше повеќе средби со конгресмени, сенатори и луѓе од јавниот и политичкиот живот на Соединетите Американски Држави, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.



- Деновиве во Вашингтон имав повеќе средби со повеќе политичари, конгресмени, сенатори, но и креирачи на јавното мислење, пријатели на Македонија, луѓе кои што на некој начин се поврзани со Македонија и политиките на Македонија и се трудам да дадам што повеќе информации за состојбите во нашата држава, за предизвиците со кој што таа се соочува, за нашите аспирации за членство во НАТО. Мигрантската криза предизвикува чести прашања, како и политичката криза низ која што поминуваме, изборите кои што претстојат, изјавил Груевски по средбите.

Тој наведува дека контекстот во кој се среќава со овие луѓе е  обезбедување подобри позиции за Македонија, но и за зајакнување на релациите помеѓу Македонија и САД.

- Правиме се што е во наша моќ да пренесеме што повеќе информации да објасниме што повеќе работи кои не се доволно објаснети и секако да размениме информации и идеи за идните чекори, за идните предизвици и начините како тие предизвици да се надминат, пред се во Македонија и во насока на зајакнување на односите со САД, вели Груевски.

Груевски, како што информираат од партијата, заедно со партиската делегација во чиј состав се пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и Владимир Ѓорчев во Американскиот конгрес остварија средба со конгресменот Кристофер Смит.

На средбата, стои во соопштението, е разговарано за актуелната политичка состојба, за состојбата со мигрантите како и стратешката определба на државата за членство во НАТО.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги образложил приоритетите на Република Македонија во насока на нејзино целосно интегрирање во НАТО алијансата. Станало збор и за претстојните избори како единствен излез од наметната политичка криза.

Конгресменот Кристофер Смит изразил силна поддршка на Република Македонија и на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во справувањето со предизвиците и реализација на стратешките интереси за интегрирање во НАТО.

- Цврсто сум уверен дека Македонија треба да стане членка на НАТО веднаш. Со сигурност ги исполни критериумите, со извонредно лидерство на Груевски. Имав многу добар состанок разговарајќи за овие прашања, и мислам дека државата ќе биде додадена вредност во Алијансата, лојален партнер и пријател. Државата треба да стане членка што поскоро и следниот претседател на САД ова прашање треба да го стави во приоритетите, изјавил конгресменот Смит.

Тој осврнувајќи се на работата на Груевски истакнал дека е импресиониран од неговото лидерство. - Тој е човек кој сака да и донесе на државата подобра иднина, при што има зад себе и добри резултати, и е посветен кон градење на демократско општество. Во однос на изборите што престојат во Македонија се надевам дека она што го сакаат граѓаните ќе биде и резултат од изборите, вели Смит.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, се сретна и со доскорешниот заменик државен секретар и поранешен потсекретар за политички прашања во американскиот Стејт Департмент Венди Шерман, како и со Елен Ташер која беше потсекретар на Хилари Клинтон и долгогодишен конгресмен на државата Калифорнија.

На средбите се разговарало за исполнување на стратешките определби на Република Македонија, можностите за дополнително интензивирање и јакнење на пријателството меѓу двете држави, кое освен политичка компонента содржи и огромен економски потенцијал.

Груевски, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со партиската делегација присуствувал на вечера со повеќе конгресмени, сенатори, луѓе кои имаат влијание врз јавното мислење и личности од политичкиот живот на САД. На вечерата присуствувале Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атланскиот совет која е единствена граѓанска организација на НАТО, Мајкл Верц потпретседател на центарот за американски прогрес, која е една од највлијателните организации во САД, Мајкл Михан, шеф на американското тело за набљудување на медиумите,  Даниел Сервер и Мајкл Хелтшел професори од Џон Хопкинс Универзитетот, како и други луѓе од политичкиот живот на САД.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...