Скопје Сити Мол продаден за 92 милиони евра на британска компанија

Скопје, 25 октомври 2016 (МИА) - Компанијата Hystead Limited од Велика Британија во косопственост на Hyprop Investments Limited  и PDI Investment Holdings Limited  го купија трговскиот центар Скопје Сити Мол од Balfin Finance BV од Амстердам за 92 милиони евра.

  - Наша цел е да поседуваме портфолио од шопинг центри со висок квалитет во Југоисточна Европа. Македонија е мало, отворено стопанство кое направи големи чекори за зацврстување на економијата во текот на последната деценија. Според проценките на Светска банка, реалниот пораст на македонскиот БДП изнесува 3,3  отсто за 2017 година. Високата стапка на издаденост, ветувачкиот број посетители, балансираната комбинација на закупци и можностите за проширување на Скопје Сити Мол се гаранција за атрактивноста на инвестицијата, вели главниот извршен директор на Hyprop Пиетер Принсло, кој очекува оваа инвестиција да ги зголеми приходите на компанијата.

Тој додава дека постоечкиот управувачки тим на Трговскиот центар ќе остане со цел да се задржат критичните вештини.

Стратегијата на Hyprop за Југо-источна Европа е да ги купува доминантните шопинг центри преку Hystead. Hyprop има удел од 60  отсто во Hystead, додека PDI, компанија застапувана од Луис Норвал, го поседува останатиот удел од 40 отсто. Hystead сега поседува три објекти во Југоисточна Европа, и тоа Delta City Podgorica (Црна Гора), Delta City Belgrade (Србија), двата купени претходно годинава и денешното преземање на Скопје Сити Молl (Македонија).

Скопје Сити Мол има 37.600 метри квадратни бруто површина за изнајмување и 137 закупци, помеѓу кои Зара, Теранова, Котон, ЛЦ Ваикики, Бершка, Њу Јоркер и Фешн и Френдс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...