Фестивал на новиот германски филм во Кавадарци

Кавадарци, 26 октомври 2016 (МИА) - Со проекција на „Мед во главата“ синоќа во Кавадарци почна тридневното прикажување на филмови од германската кинематографија, во рамки на 12. Фестивал на новиот германски филм.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов рече дека кавадарчани имаат можност да се запознаат со германската култура. 

- Преку германската култура да направиме уште еден чекор кон најпосакуваниот јазик во Тиквешијата, а тоа е германскиот, бидејќи знаете дека имаме неколку германски инвестиции, додаде Панов. 

Тој нагласи дека Кавадарци ја има таа привилегија да биде еден од малкуте градови во Македонија, во кои се прикажуваат германските филмови.

Хелга Тајпл, раководител на Одделот за култура при Германската амбасада во Македонија изрази задоволство што со фестивалот на новиот германски филм повторно се во Кавадарци. 

- Изгледавме многу фимови, во обид да ги избереме и прикажеме најдобрите. Во Македонија има многу филмски фестивали, особено се радувам што овој фестивал ќе им овозможи на луѓето да ги погледнат филмовите во оригинален јазик, затоа што овде има многу луѓе кои се интересираат за германскиот јазик и го изучуваат. Ова е убава можност малку да вежбаат, нагласи Тајпл. Упати благодарност до партнерите кои го поддржуваат фестивалот, германската банка Прокредит и културниот дом од Кавадарци. 

За филмот „Мед во главата“ рече дека е еден од најгледаните во Германија и додаде оти минатата година го погледнале повеќе од 7,2 милиони луѓе. 

На програмата се шест филмови. Следува прикажувањето на филмовите „За една девојка“, „Државата против Фриц Бауер“, „Куќата на крокодилите“, „Хердер - помеѓу два света“, „Тура на животот“. Влезот е слободен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...