Изложба на карикатури и концерт на ансамблот „Серенада”

Скопје, 27 октомври 2016 (МИА) - Изложба на карикатури кои се дел од светскиот Фестивал на хумор и сатира „Ин Виница веритас“, што традиционално секоја година го организира Домот на култура „Тошо Арсов“ од Виница, отворена е во Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден.

Изложбата, како што соопшти општина Илинден, ја отворија академскиот сликар Новица Трајковски и директорот на Домот на култура „Тошо Арсов“, Славчо Данев.



На изложбата се претставени 50-на карикатури на познати светски автори, а меѓу нив и првонаградената на фестивалот во Виница, чиј автор е Клаус Питер од Австрија.

Вечерта беше збогатена со концерт на ансамблот за староградски песни „Серенада”, кој веќе осум години функционира при Домот на култура „Тошо Арсов” во Виница, а е составен од академски музичари и музичари аматери.

На присутните во Домот на култура „Илинден“ тие им се претставија со староградски песни од повеќе краеви на Македонија, со посебен акцент на виничкото староградско наследство.

Како вовед во концертот на „Серенада“, со сплет од повеќе ора настапија младите играорци од Ансамблот за народни песни и игри „Илинден“.

Изложбата ќе биде отворена до 2-ри ноември годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...