Италијански кардиохирурзи: Во Македонија кардиохирургијата се движи во вистинска насока

Скопје, 27 октомври 2016 (МИА) - За секоја држава е многу важно да има јавна кардиохирургија бидејќи јавното здравство е отворено и достапно за секого и во секое време, а и некои од најсложените зафати како итни случаи најчесто се прават во јавното здравство, изјави Антонио Мариа Калафиоре, италијански кардиохирург, кој денеска и утре престојува во Македонија за да одржи предавања на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија.

Според него, неопходно е да се создаде јавен оддел кој ќе биде добро опремен, ефективен и опслужуван.

- Најважно е тоа да се направи преку наоѓање луѓе од земјата кои што работат, а ние ќе помогнеме со опрема и неопходната техничка помош, изјави Калафиоре, кој е еден од основоположниците на европската и светската кардиохирургија и по чии методи се работат неколку минимално инвазивни техники на срцето.

Тој смета дека во Македонија работите во кардиохирургијата се прават на вистински начин и оти иницијативата за вакви предавања е добра бидејќи се разменуваат искуства меѓу кардиохирурзите.

Неговиот колега кардиохирургот од познатиот Римски универзитет „Ла Сапиенца“, Антонино Маруло, кој исто така ќе одржи предавања во Скопје, смета дека е најдобро е да се направи микс од клиничка и универзитетска програма, како што е случајот во Македонија бидејќи Универзитетот мора да биде насочен кон иновации и многу тешки случаи, а не само на рутински зафати и стандардни секојдневни операции.

- На овој начин тие прават добар напор, а новиот оддел е многу добро опремен. Во иднина можеби ќе треба да се зголеми бројот на легла и помагала, бидејќи сигурен сум дека одделот ќе го привлече вниманието на пациентите, истакна Маруло.

Кардиохирургот Сашко Јовев од Државната кардиохирургија во Скопје оцени дека мошне добро се развиваат и оти работат цел спектар на кардиохируршки операции.

- До денес имаме 446 операции од кои повеќето од 350 се кардиохируршки кои се со одлични резултати. Минимално инвазивно вршиме замена на аортната вавула, а во блиска иднина се подготвуваме на минимален инвазивен пристап кон реконструкција на залистот кој се наоѓа меѓу левата преткомора и комора, истакна доктор Јовев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...