Промовирана обновена фасада во Старата скопска чаршија

Скопје, 28 октомври 2016 (МИА) -  Заврши обновата на фасадата на третиот објект во Старата скопска чаршија опфатен со акцискиот план за реконструкција на повеќе фасади што го спроведува Националниот конзерваторски центар, со поддршка од Министерството за култура.

Објектот, лоциран на ул. „Пограѓе“ бр. 57, е со архитектонско стилски карактеристики од 19 и почетокот на 20 век, со препознатлив стилски израз особено во фасадниот дел. При изведбата на работите се користени наоди од локацијата и фотодокументација, како и други сознанија од лица и институции со цел да се постигне автентичност на изгледот.

Фасадата беше промоворана во присуство на сопственикот на објектот Боривое Крстев, пензиониран архитект, министерката за култура Елизабета Канческа Милевска и директорката на КОнзерваторксиот центар Скопје Ема Петрова.

- Сакам да се заблагодарам на Министерството за култура и среќен сум што конечно Старата скопска чаршија може да го  добие својот сјај, изјави Крстев.

Министерката Канческа Милевска изрази надеж дека во обновениот простор  повторно ќе заживее некој занает, со оглед дека таткото на Крстев своевремено се занимавал со изработка на шапки.  Националниот конзерваторски центар, според ресорната министерка, ја почитува планираната динамика за обнова на фасадите согласно акцискиот план, со освен во Скопје се опфатени и фасади во Битола, Крушево, Кратово, Прилеп, Штип, Охрид...

- Ме радува што Старата скопска чарија повторно го  добива својот автентичен карактеристичен стил на архитектура. Тука имаме фасада на  којашто и е вратен архитектонскит стил и сјај, а потекнува од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Продолжуваме со обнова на фасадите во Страта скопска чаршија бидејќи целта со носењето на Законот за старата скопска чаршија ни беше како значјно споменично јадро да ги обновиме фасадите и согласно програмата за ревитализиација промовирање и на туристичкиот, културниот и архитектонскиот аспекет који го поседува чаршијата, изјави Канческа Милевска.

Директорката на Конзерваторски центар Скопје Ема Петрова информира дека почнуваат активности за  обнова на четвртата планирана фасада,  на објектот Евлија Џелеблија или познатиот бојаџија во Старата скопска чаршија. - Годинава ќе се реализира и уште еден објект на ул. „Теодосиј Гологанов“, а во тек се подготовки за јавната набавка за споменикот на култура црквата Свети Спас, каде е сместен Националниот конзерваторкси центар, изјави Петрова.

Следната година освен обновата на фасадата на црквата Свети Спас  Конзерваторскиот центар Скопје, според најавите, треба да изработи уште пет проекти за обнова на нови фасади во Старата скопска чаршија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...