Уапсени две лица од Скопје за тероризам и поврзаност со ИСИС

Скопје, 10 ноември 2016 (МИА) - Две лица на возраст од 23 и 24 години од Скопје се уапсени поради инволвираност во подготвување на извршување кривично дело „тероризам“ и за поврзаност со повратници од ИСИС, информира денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.

- Министерството за внатрешни работи како дел од поширока регионална оперативна акција во борбата против тероризмот на 4. овој месец по претходно издадени наредби извршени два претреси од кои едниот во Скопје, а другиот во с. Арачиново. За време на извршените претреси пронајдено и обезбедено е 24 годишното лице од село Арачиново, додека второто лице е приведено на Косово, рече Чавков на прес-конференција во МВР.

Посочи дека против лицето е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“ по член 394-б од Кривичен законик на Република Македонија при што од страна на судија за претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

- При претресите се пронајдени и со потврда одземени мобилни телефонски апарати со сим картички, фотоапарати со микро картички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација, рече Чавков.

Чавков, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека станува збор за лица за кои постеоле разузнавачки информации од претходно дека се припадници на исламски радикализам, како и дека имаат поврзаност со повратници од ИСИС, односно странски борци.  

- Нивните цели беа преземање на конкретни терористички акти на територијата на Македонија. Намерите и интенциите на оваа структура се осуетени со навремено добивање на разузнавачки информации, рече директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...