Магла во скопската и полошката котлина, најзагадено во Центар

Скопје, 22 ноември 2016 (МИА) - Времето денеска во Македонија ќе биде претежно сончево и релативно топло со мала локална облачност како и со слаб југоисточен ветер,  повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Претпладне по одделни котлини ќе биде магливо и постудено. Максималната температура ќе се движи од 11 до 17 степени.

Утрово температурата се движеше од -3 во Берово, -2 Скопје Петровец, -1 Битола, Струмица, Маврово и Тетово, 0 Прилеп, Крива Паланка, Куманово и Демир Капија, 1 Штип, Дебар и Лазарополе, 2 Крушево, Пожаране и Скопје, 3 Претор и Виница, 4 Тополчани, Ѓуриште, Гевгелија и Охрид до 8 степени во Дојран.

Утрово е ведро со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини  има појава на магла, особено  во скопската и полошката котлина, како и долж Повардарието, каде има магла со намалена хоризонтална видливост. На повисоките места дува слаб ветер од југоисточен  правец.

Во Скопје претпладне ќе биде магливо, а во текот на денот сончево и претежно тивко. Максималната температура ќе достигне до 13 степени.

Во наредните денови ќе продолжува периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини и по речните долини во ноќните и претпладневните часови ќе има појава на магла и ниска облачност.

В петок, во текот на ноќта кон сабота  се очекува промена на временската состојба над нашето подрачје. Ќе има зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд.

Мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање утрово највисоки концентрации на ПМ10 честичките измерија во Центар 159,09, Карпош 149,73 микрограми, Лисиче 131,09, Лисиче 126,87, Гази Баба 125,87, Миладиновци 108,01, Тетово 96,07, Куманово 85,96, Кавадарци 79,66, Велес 79,51 и во Кочани 58,88 микрограми на метар кубен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...