Коалицијата за промени и правда пред граѓаните на Велес

Велес, 22 ноември 2016 (МИА) - Караванот на Коалицијата за промени и правда вечерва беше во Велес. На митингот во салата „Бели Мугри“, Коалицијата ги претстави своите приоритети и ја презентираше програмата.
 
- Коалицијата за промени и правда е современа, со политички субјекти кои гравитираат и лево и десно и кон центарот и основната. Наша заложба  е да се обидеме да ги вратиме вистинските вредности кои се деформирани, рече Јове Кекеновски.
 
Според него, Коалицијата за цела Македонија нуди плата од 300 евра и минимална пензија од 200 евра. - Овие параметри не се туку така измислени, туку се базирани на реални пресметки и реални препораки од нашите економисти. Некој ќе праша од каде тие пари. Доволно е да ги вратиме во буџетот оние седум милијарди кои се изнесени од Македонмија. Тие ќе бидат доволно за почеток да се обидеме да ги реализираме нашите ветувања, потенцира Кекеновски.
 
На митингот се претставија и носителот на Изборната единица 4 Слободан Богоевски, како и кандидатот за пратеник од Велес од Изборната единица 3 Жан Мешков. 
 
Носителот на листата во Изборната единица 3 Весна Стојменовска се осврна на младите и проблемот, како што рече, со нивното иселување од Источна Македонија. - Зошто е тоа така, бидејќи нема вработување без партиска книшка. Ние ќе го промениме тоа, ќе ги департизираме институциите и ќе им дадеме еднаква можност на сите за вработување. Критериум отсега ќе биде единствено стручноста и квалитетот на кандидатот, порача Стојменовска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...