Магла по долините, разведрување и сончево од пладне

Скопје, 23 ноември 2016 (МИА) - Долж Повардарието и во Пелагонија и во дебарскиот крај утрово има магла или само намалена видливост. На крајниот југоисток има и ниска облачност. Во останатиот дел од земјата е ведро. Во Скопската котлина исто така има магла, а кон запад само намалена видливост, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. 

Најниската температура од минус три утрово е измерена во Битола, минус два во Крива Паланка и Куманово, во Тетово, Берово и Маврово минус еден, нула степени се измерени во Скопје Петровец, Демир Капија и Прилеп.

Во Лазарополе, Пожаране, Крушево и Штип еден степен над нулата, два степена во Ѓуриште, Скопје и Претор, три во Тополчани, Виница и  Охрид, четири во Дебар, пет степени во Струмица, осум во Гевгелија и девет степени во Дојран.

УХМР информира дека денеска претпладне во долините ќе се задржи магла која постепено ќе слабее. Ќе се намали и облачноста која сега ја има на југоисток Од пладневните часови ќе преовладува претежно сончево и тивко. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла, а понекаде само со намалена видливост. Од пладневните часови че биде претежно сончево со слаб југоисточен ветер. Температурата до 10 степени. 

До петок ќе продолжи периодот на сончево и релативно топло време со мала до умерена облачност и со магла или намалена видливост по котлините.

За време на викендот ќе биде променливо облачно со повремен дожд, а условите за магла ќе се намалат. Во недела утринската температура ќе биде позитивна насекаде.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...