Богоевски: Перспективи за младите и власт на народот

Струмица, 26 ноември 2016 (МИА) - Мора да ја вратиме слободата, мора да ја тргнеме еднопартиската власт која циклично се менува од 90-те години во Македонија, мора да отвориме перспективи за младите и власта од сега натаму ќе биде на народот, а не на режимот, изјави Слободан Богоески, носител на кандидатската листа од Коалицијата за промени и правда во ИЕ4, кој денеска денека имаше средби со граѓани во Струмица.

Според него, тезата за федерализација на Македонија е манипулација на владејачката партија.

- Најстрашно е што манипулираат со најчуствителните категории и безбедноста на Македонија. Никој не може да ја федерализира Македонија, ниту некој ќе се обиде да го направи тоа. Тезите за федерализација прв ги заговараше Љубчо Георгиевски, патронот на Никола Груевски кој во време кога беше министер за финансии заедно ги порачаа картите од МАНУ за размена на територии, рече Богоески.

Носителот на кандидатската листа на Коалицијата за промени и правда во Четвртата изборна единица рече дека ќе продолжи со средби со граѓани и неформални контакти, без митинзи и поголеми форми на предизборна кампања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...