Коалицијата за „Промени и правда“ на средби со граѓани во Куманово

Куманово, 6 декември 2016 (МИА) - Централниот караван на Коалицијата „За промени и правда“, денеска оствари средби со жителите на Куманово на градскиот плоштад и ја презентираше програмата со која настапуваат на овие избори.

Лидерот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, рече дека се залагаат за системски промени, со одговорност на носителите на клучните функции.

- Ние како Коалција составена од повеќе партии, граѓански асоцијации, сметаме дека треба да има промени и сигурни сме дека режимот ќе падне, тоа е нашиот слоган со кој одиме во оваа кампања, рече Трајанов.

Додаде дека се залагаат за стабилност, економски развој, младите да останат во Македонија. Владиниот кабинет, рече, треба да биде составен од професионалци и додаде дека се отворени за соработка со сите партии за да се состави таков владин кабинет.

- Пратениците на Коалцијата „За промени и правда“ во идниот законодавен дом и преставниците на извршната власт ќе посветат посебно внимание на Куманово како најголема општина, рече Јове Кекеновски од ФРОДЕМ.

Зборувајќи за заминувањата на кумановци во Ирак и Авганистан, Кекеновски, нагласи дека се залагаат за бројни економски проекти кои што ќе го забрзаат економскиот развој, за тука да останат младите. Во програмата, рече предвидени се милијарда евра за капитални инфраструктурни објекти и Куманово, истакна, ќе има приоритет при распределбата на средствата.

Носителот на изборната листа во четвртата изборна единица,Слободан Богоески, рече дека изборите на 11 декември се референдумско изјаснување и ги повика граѓаните масовно да гласаат за промена на власта.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...