Бензините поскапуваат за половина денар

Скопје, 9 јануари 2017 (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени во просек за 0,86, односно за 0,7 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе чини 53,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 42 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,718 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,827 денари за килограм.
Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 1,6 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,33 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Разговараат двајца пријатели:
- Жена ми има многу лоша навика во последно време. Се буди секоја вечер во 2 сабајле.
- И што прави после?
- Ме чека да си дојдам дома.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
маченички Агапија, Ирина и Хиона. Тие биле три сестри кои живееле во околината на Аквилеја, а пострадаа во 304 година. Во тоа време, императорот Диоклецијан наредил духовниот...
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...