ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговара за криминалот со гас во Струмица

Скопје, 9 јануари 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција го обвини СДСМ и лидерот Зоран Заев за, како што беше речено, криминално-коруптивно однесување при продажбата и дистрибуцијата на гас во Струмица.
- Аболицираниот Зоран Заев Струмица ја претвори во семеен вилает на кланот Заеви, а граѓаните на Струмица во заложници на неговото криминално-коруптивно однесување. Заев смислил идеална шема преку неговиот пријател Митко Андреевски како да испумпа милиони од џебовите на граѓаните. Андреевски регистрирал фирма на име на неговата сопруга Билјана Станголева, во семејна куќа на улицата „Атанас Раздолов“ во скопската населба Драчево, која е во сопственост на нејзините родители Станголеви.

Значи фирма без имот, регистрирана во куќа, со само еден вработен и главен дистрибутер на гас во Струмица и врти милиони секоја година, рече рече Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој потсети дека Митко Андреевски е претседател на Комисијата за енергетика во СДСМ и преку фирмата Си-Ен-Џи набавува и им продава гас на струмичани за цена два и пол пати повисока од онаа што ја купува. Според него, ова е класичен пример за грабеж на граѓаните и институциите за ова треба да отворат случај.


- Партиската фирма на СДСМ во периодот од 2011 година до денес од општинската каса има инкасирано над 2,5 милиони евра и тоа преку три тендери за набавка на гас кои се единствено направени за набавка на гас во општина Струмица, рече Костовски.
Тој истакна дека општина Струмица за 1 метар кубен плаќа 24 денари, додека ЕЛЕМ, кој набавува гас за греење за скопјани, плаќа 13 денари за 1 метар кубен и тоа е разлика од 11 денари за метар кубен. На овој начин, како што рече, фирмата на СДСМ Си-Ен-Џи инкасирала над 650.000 евра, пари на граѓаните.
За криминалот, како што рече, кој Зоран Заев го прави врз сопствениот народ мора да сноси одговорност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Некоја загрепчанка се омажила за кумановец. За време на свадбата, кумановецов се сторил дрво пијан, па вечерта кога дошло ред на жената да и посвети време во креветот, тој...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патните правци Кичево - Охрид преку планинскиот премин Пресека и Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража. ПРЕКИН...
Верски календар
Покрај 12-те апостоли, Христос избрал уште 70 други, ги вооружил со сила да чудотворат и да изгонуваат духови и ги испратил по градовите и селата да ги повикуваат луѓето кон...
На денешен ден
395. - Умре византискиот (римски) цар Теодосие...
1377.- Папата Григур Единаесетти од Авињон го...
1706.- Шпанската престолнина од Мадрид е...
1706.- Во Бостон е роден Бенџамин Франклин,...