Хојт Ји: Партиите да најдат начин да формираат влада

Скопје, 14 јануари 2017 (МИА) - Сега е важно политичките партии да преговараат, да најдат начин да формираат коалициска влада. Мошне е битно политичките лидери да работат што е можно побрзо и поефикасно и да постигнат договор, за ова да не биде предолг процес, изјави заменик-помошникот државен секретар за Европа и Евроазија во Стејт департментот, Хојт Ји.

– САД, секако дека го почитуваат суверенитетот на Македонија и можноста партиите да ја донесат таа одлука без мешање однадвор. Нашата улога во моментов е да набљудуваме, да понудиме совет за одредени принципи – како на пример, сметаме дека е важно новата влада да ги поддржува меѓународните определби, вклучувајќи ги и одредбите од Договорот од Пржино, партиите да стават јасно на знаење дека се определени да го почитуваат Уставот на државата, човековите права, да ги почитуваат институциите на државата, вклучувајќи ги и институциите како СЈО, да го почитуваат владеењето на правото и целите на граѓаните за интеграција во остатокот од Европа, да се приклучат во НАТО, изјави Ји за Гласот на Америка на македонски јазик.

Тој, како што рече, верува дека политичките партии ќе се фокусираат на целите на граѓаните, а не на тесногради политички интереси, и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициска влада, којашто ќе може да соработува со ЕУ, со САД, со други меѓународни партнери, за земјата да се придвижи кон поголема интеграција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...