Најмногу снег во Лазарополе, најстудено во Маврово

Скопје, 17 јануари 2017 (МИА) - Најмногу снег во Македонија има во Лазарополе, 71 сантиметар, а најстудено е во Маврово, каде во седум часот изутрина се измерени минус осум степени. Висината на снежната покривка во Маврово е 64 сантиметри, 41 сантиметар во Пожаране, 29 во Берово, 28 Ѓуруште, 25 во тетово, 22 Крушево, 19 Битола, 18 Струмица, 15 Скопје Петровец, 14 Скопје, 12 Крива Паланка, 11 Тополчани....
Минус пет степени се измерени во Крушево, Лазарополе, Берово, -4 Пожаране, -3 Претор, Ѓуриште, Тетово, Тополчани, -2 Крива Паланка, Куманово, Струмица, Битола, Скопје, Прилеп, Скопје Петровец, -1 Демир Капија, а нула во Штип, Дојран, Охрид, Гевгелија, Виница.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи УХМР, времето во Македонија е облачно со повремени врнежи од снег, само на пониските места на југоисток, на југоистокот врнежите се од дожд и снег.
До крајот на денот ќе биде облачно со повремени врнежи од снег, само на пониските места на југоисток врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен и источен правец. Температурата ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, облачно со повремен снег и со слаб ветер од источен правец. Температурата до околу 2 степена.

УХМР најави дека во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот што ќе предизвика претежно облачно и релативно студено време со повремени врнежи од снег, а во крајните југоисточни делови ќе има врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со променлив интензитет, и доста изобилни, каде се очекува да да наврнат над 30 литри на метар квадратен воден талог, особено повеќе ќе бидат застапени во јужните и југоисточните делови од земјава. Најмногу врнежи се очекуваат в среда и в четврток кога ќе има и значителен пораст на снежната покривка за 20 до 30 сантиметри нов снег. Од петок се очекува извесно стабилизирање на временската состојба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...