Скопска премиера на „Прикаска за Кичево“ вечер во Кинотека на Македонија

Скопје, 17 јануари 2017 (МИА) - Долгометражниот документарен филм првенец на тандемот Бранко Стојаноски и Виктор Гаврилоски „Прикаска за Кичево“ вечер со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде прикажан во Кинотека на Македонија.
Филмот има за цел да ги претстави настаните кои го одбележале севкупното живеење на Кичево во изминатиот период. Во филмот застапени се некои од култните белези на градот, како вовчето „Ќирчо“, киното Партизан, авто и мото трките во касарната, поетските средби „Курирче“ и манифестации поврзани со нив.
Не е одминат ниту ноќниот живот во градот, почнувајќи од прочуеното корзо, првите кафулиња, спортскиот живот, музичките случувања и фестивали кои се одржувале во градот и на Китиното кале и многу други случувања. Во изготвување на филмот се слушначе мислењата и на повеќемина граѓани на Кичево, кои ги следеле и следат настаните во градот во изминатите години и децении.
- Целта на овој документарен филм е да се остави траен белег преку визуелниот запис за богатиот живот на градот и овие подвижни слики да им служат и на генерациите што доаѓаат. Карактеристично, во оваа „Прикаска за Кичево“, вметнати се и извадоци од документарниот филм на МРТ „Луѓе зад планината“ снимен во 1971 година, во режија на Мето Петровски, вели еден од коавторите на овој филм Бранко Стојаноски.
Тој изразува надеж дека филмот ќе побуди голем интерес кај сите генерации граѓани на Кичево, како и кај оние кои од поодамна го напуштиле овој град.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...