Над 100 водомери во Струмица пукнаа од поларните температури

Струмица, 17 јануари 2017 (МИА) - Над сто водомери на домаќинства од Струмица пукнале поради поларните теператури. Како што велат во ЈПКД „Комуналец“, до денеска е заокружена работата кај 80 отсто пријавени дефектни водомери, а интервенциите се очекува да завршат до утре.
- Деновиве имаме и енормно зголемена потрошувачка на вода што е невообичаено за овој период од годината. Граѓаните континуирано пуштаат некои чешми за да не дојде до замрзнување на надворешните линии. Засега без проблем ја обезбедуваме потребната количина вода и нема опасност од воведување рестрикции, вели Андреј Тошев раководител на сектор за проектирање и надзор во ЈКП „Комуналец“ Струмица.

Комуналното претпријатие информира дека по новите снежни врнежи булеварите и улиците во градот се исчистени, а локалните патишта до населените места проодни.

- Екипите на зимската служба уште од раните утрински часови беа на терен, со специјално возила се чистеа булеварите и улиците и се фрлаше индустриска сол и ризла. Од почетокот на снежните врнежи и појавата на мразот, досега се фрлени вкупно 53,5 тони индустриска сол и ризла, а беа ангажирани сите човечки и материјални ресурси, истакнува Бранко Горѓиев, раководител на работната единица „Чистота“ во „Комуналец“.

Проодни се и локалните патишта до населените места. Денеска заврши чистењето на патот Робово – Муртино – Банско, а се работи на патот од Раборци, преку Попчево до Рич. Според надлежните, иако патниот правец до Рич е во надлежност на Македонија пат, денеска таму повторно работи јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...