Од утре ниски утрински температури, од вторник снег

Скопје, 20 јануари 2017 (МИА) - За време на викендот и в понеделник времето во Македонија ќе биде стабилно со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. В недела ќе биде најстудено, со температура од -16 до -7. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Дневните температури ќе се движат од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе останат под нула.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во вторник и среда ќе има има зголемена облачност со повремени врнежи од снег, а само во крајните југоисточни делови од државава врнежи од дожд и снег. Врнежите ќе бидат со слаб, а во западните и јужните делови повремено умерен интензитет, поради што снежната покривка нема значително да се зголеми.
В среда под влијание на спуштање на постудена воздушна маса ќе дува умерен северен ветер, кој ќе услови до крајот на работната недела дневните температури да бидат во опаѓање и ќе се движат од -3 до 3 степени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...