СДСМ: Секој ден спорт во училиштата

Скопје, 14 февруари 2017 (МИА) - СДСМ денеска соопшти дека ќе го реализира проектот „Секој ден спорт“ со кој ќе се воведе можност учениците од основните и од средните училишта секој ден да имаат спортски активности.
Во соопштението од СДСМ се наведува дека проектот ќе го спроведат во првите шест месеци од новата влада и оти ќе им овозможат на децата секој ден да спортуваат некој спорт по сопствена желба.
- Ќе го вратиме спортот во училиштата со креирање спортски систем со кој ќе се започне со натпревари и активности, од класните и меѓукласни натпревари во училиштата, завршувајќи со национален систем на натпревари, со учество на училишни победници и репрезентации од секоја општина во сите степени на образованието, се вели во соопштението.
Со поставувањето на вистински модел на училишен спорт, како што наведува СДСМ, ќе се зголеми бројот на ученици кои спортуваат од сегашните 5.000 на 50.000 ученици во основното и во средното образование.

- На овој начин родителите ќе бидат ослободени од трошоците кои мораа да ги плаќаат за дополнителни спортски активности на своите деца. Учениците нема да го трошат своето слободно време по часовите, бидејќи секојдневно ќе спортуваат во своите училишта, посочува СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...