Времето низ Македонија облачно, дождливо и ветровито

Скопје, 19 февруари 2017 (МИА) - Времето во Македонија е претежно облачно со локални врнежи од дожд. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Најниска температура од -2 степена утрово е измерена во Берово. Во Маврово и Лазарополе 0 степени, 1 во Виница, 2 степена во Крива Паланка и Пожаране, 3 во Куманово, Охрид, Дебар, Претор и Ѓуриште, 4 степени во Скопје, Прилеп, Тополчани, Тетово и Струмица, 5 во Штип и Битола, 6 во Дојран, 7 во Гевгелија и 8 степени во Демир Капија.

Во 7 часот највисока снежна покривка од 17 сантиметри е измерена во Маврови Анови. Во изминатите 24 часа, најмногу наврнат воден талог, 6 литри на метар квадратен имало во Дебар, 4 во Претор, 3 во Тетово и Пожаране, 2 литри на квадратен метар во Маврово ни Охрид и еден во Лазарополе и Битола.

Во текот на денов ќе биде претежно облачно со повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет и локално се очекува да наврнат над 10 литри на квадратен метар. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд.и со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Утре претпладне ќе биде променливо облачно со услови за локален слаб дожд, попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Дневната температура денес и утре благо ќе опадне. Потоа следува период на стабилно, суво и релативно топло време.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...