Истражување на „Вилсон Македонија“ за пациентите со ретки болести

Скопје, 28 февруари 2017 (МИА) - По повод одбележувањето на 28 Февруари - Денот на ретки болести денеска здружението „Вилсон“ Македонија во ЕУ инфо центарот ќе ги презентира податоците од истражувањето коешто покажало дека пациентите со ретки болести се сеуште невидливи пред законите на Македонија.
Тие ги повикуваат надлежните да направат законски измени кои ќе обезбедат овие лица непречено да го остварат своето основно право на здравје.
- Постојните закони воопшто не ги препознаваат пациентите со ретки болести како посебна, ранлива група граѓани со специфични потреби, ниту експлицитно ги регулираат аспектите што се од примарна важност за оваа група, како услови за дијагноза, регистрација на лекови „сираци“, достапност на терапија и сл.”, стои во најновото истражување на Здружението.
Според нив, во Македонија е неопходно усвојување на национална стратегија за ретки болести како основа за сите понатамошни заложби, пред се изработка на специфичен закон за ретки болести, со цел унапредување на квалитетот на живот на пациентите и семејствата засегнати од ретка болест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...