ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се откаже од редефинирање на Македонија

Скопје, 1 март 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно ја повика СДСМ да се откаже од, како што се наведува во соопштението, редефинирање на Република Македонија и нејзино трансформирање од мултикултурна во бинационална држава.
- Во таков случај ВМРО-ДПМНЕ се обврза дека ќе го поддржи Заев и СДСМ да формираат влада, иако не беа поразени на изборите, стои во соопштението.
Прифаќањето на платформата од Тирана, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, е класична уцена, а заради карактерот и алчноста да се дограбат до власт, проценката била дека ваквата уцена може да помине кај Зоран Заев и СДСМ без разлика колку нејзиното прифаќање е штетно за државните и национални интереси.
- СДСМ е уценета партија, но трагедијата е во тоа што цената на крајот ќе ја плати Република Македонија и македонскиот народ. Затоа ВМРО-ДПМНЕ понуди на СДСМ и нејзиното раководство да ја отфрлат уцената и платформата од Тирана, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ, според нив, треба да го сфати историскиот моментум и да ги отфрли заканите и уцените од надвор, пред кои се наоѓа Македонија, но и самите тие како партија.
- Граѓаните на Македонија очекуваат да проработи совеста кај секој политички субјект, вклучително и кај Заев, во време кога постои сериозна закана по унитарниот и суверениот карактер на државата. Секое редефинирање на државата не им е во прилог ниту на Албанците, ни на Ромите, ни на Бошњаците, ни на Власите, ни на Србите, ни на Турците, а најмалку на Македонците во нашата татковина, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...