Протест на земјоделци од Свети Николе

Штип, 1 март 2017 (МИА) - Земјоделци од Свети Николе денеска со трактори го блокираа патниот правец Штип - Скопје во близина на фабриката за месни производи МИК. Блокада траеше половина час, а е резултат на последните политички случувања во земјава.
Велат дека се загрижени за својата и иднината на нивните деца. Приоритет, додаваат, им се стабилноста и економскиот проспериритет. Не сакаат никој да експериментира со македонските национални чувства, а дополнителното усложнување на и ионака сложената состојба, ја доведува во прашање нивната егзистенција.
- Ние земјоделците, Македонци, Албанци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци, сакаме да живееме во заедничка држава, Република Македонија, која нема чекор по чекор некој да ја менува, се додека не ја растури, изјави Кирил Митев, земјоделц од Свети Николе
Според Трајче Станојков, жител на Свети Николе, еднаш се направи територијална поделба. - Сега не може повеќе да се дели оваа држава зашто немаме друга, рече Станојков.
Получасовниот протест, посочија земјоделците, е само еден од начините да покажат дека се овде и дека со сите сили, како што рекоа, ќе ја бранат земјава, со сите нејзини обележја на самостојна, суверена држава и ќе се спротистават на секоја идеја за нејзино редефинирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...