СДСМ: Иванов и Груевски да го почитува Уставот

Скопје, 6 март 2017 (МИА) - СДСМ денеска преку соопштение наведува дека Уставот обезбедува многу јасни решенија за излез од политичката криза, истакнувајќи дека претседателот Ѓорге Иванов мора да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата влада во Македонија.

Според СДСМ, „лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски не е поважен од Уставот и неприфатливо и недозволиво е да поттикнува поделби во Македонија и да користи насилства само затоа што граѓаните избраа промени, а тој ја загуби власта“.

- Недозволиво е и од страна на Иванов, само за да го спаси Груевски, да го крши Уставот и да ја пролонгира политичката криза на штета на граѓаните. Ако Иванов и Груевски навистина ја сакаат Македонија како што велат, тогаш тие би го почитувале Уставот и ќе се повлечат, наведува во соопштението СДСМ.

Според СДСМ, граѓаните во Македонија не сакаат нови парламентарни избори затоа што, стои во соопштението, тие веќе го поддржаа концептот едно општество за сите, сакаат да живеат заедно, без поделби, во правна држава којашто обезбедува квалитетен живот за сите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...