Средба на Заев со амбасадорите

Скопје, 7 март 2017 (МИА) - Лидерот на СДСМ Зоран Заев, придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со амбасадорите на Германија, на Велика Британија, на Шведска и на Холандија, Кристине Д.Алтхаузер, Чарлс Гарет, Матс Стафансон и Ваутер Пломп.
На средбата, како што соопштува СДСМ, е оценето дека е неопходно демократските процеси во Македонија да продолжат со цел да се формира новата реформска Влада, според очекувањата на граѓаните.
- Имавме кредибилни избори, на коишто мнозинството граѓани го поддржаа концептот на едно општество, развој на Република Македонија и квалитетен живот. Преточено во пратенички мандати, тоа се 67 мандати со коишто е обезбедено парламентарното мнозинство и се создаден услови за разговори за формирање на новата Влада, истакнал Заев.
Тој додал дека е неопходно Иванов веднаш да го даде мандатот за формирање нова влада во Р.Македонија, во интерес на граѓаните и на државата.
Според него, нови избори би значеле само продлабочување на кризата. - Ние сме определени кон унитарна Република Македонија, тоа е поддржано и од партиите со кои го обезбедивме парламентарното мнозинство. Ја имаме веќе основата на новата владина програма за што ќе се разговара во процесот на формирање Влада, таа е поставена на реформи, нови работни места, квалитетно здравство, образование, правда, враќање на парите кон граѓаните и евро-атлантски развој на Македонија преку заедништво, а не поделби, рече Заев.
Во соопштението стои дека на состанокот се изразени очекувања за зрелост од сите страни со цел Македонија и граѓаните што побрзо да ја добијат новата Влада, на мирен начин, како што доликува на земја што има за цел да биде дел од демократскиот свет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...