СДСМ со осуда за инцидентот со Музејот на албанската азбука

Скопје, 7 март 2017 (МИА) - СДСМ денеска го осуди инцидентот во Битола, во кој се фрлени молотови коктели кон Музејот на албанската азбука и ги повика надлежните органи во најбрзо време да го расветлат случајот.
Во соопштението СДСМ обвинува дека насилството и омразата се потикнати лично од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поддржани од претседателот Ѓорге Иванов и оти тие водат кон штетни и опасни последици по граѓаните и земјата.

Мнозинството граѓани на изборите на 11 декември се изјаснија против политиките на поделби, изолација, омраза и нетрпеливост на досегашната власт и избраа заеднички живот во едно општество за сите. Оттаму, сценаријата што имаат да предизвикаат конфликт и судир помеѓу граѓаните и да ја продлабочат политичката криза во Македонија - нема да успеат, посочуваат од СДСМ.

СДСМ ги повика граѓаните да останат смирени и да не потпаѓаат на провокации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...