ВМРО-ДПМНЕ: Парламентарни и локални избори во ист термин

Скопје, 7 март 2017 (МИА) - Предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со локалните избори, според ВМРО-ДПМНЕ, се најдоброто решение за излез од актуелната состојба.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција истакна дека доколку овие избори се одржат во ист термин државата нема да има преголеми дополнителни трошоци, а граѓаните ќе добијат можност да се изјаснат околу тиранската платформа која беше ставена на маса после декемвриските избори.
- Сеалбанската платформа беше потпишана на Божиќ, 7-ми јануари во Тирана од страна на лидерите на албанските партии во Македонија. Веднаш потоа стана услов за формирање на идната тиранска влада и беше прифатена од страна на СДСМ и Зоран Заев. Еден месец претходно, на декемвриските избори, граѓаните ниту беа информирани, ниту беа прашани што мислат за промена на банкнотите, официјализирање на албанскиот јазик на целата територија, носење на резолуција за геноцид врз Албанците и низа други скандалозни одредби кои ги содржи тиранската платформа.
Затоа граѓаните сега се чувствуваат измамени и се револтирани, рече Данев.
СДСМ, според него, е уценета партија, а нејзиното раководство е фатено во криминал до гуша. - Знаат дека има докази и за поткупот на аболицираниот Зоран Заев и за изборните измами и нерегуларности на Оливер Спасовски и за кириите на Радмила Шекеринска. Злосторничкото здружение во врвот на СДСМ знае што правело и во случајот „Цареви Кули“ и со „Струмица Гас“ и со стотици тендери во општина Струмица преку кои незаконски се богатело, посочи Данев.
Според него, тоа е главната причина заради која се согласуваат да менуваат и знаме и химна и грб и поради која СДСМ подлегнува на уцените и прифаќа да ги менува банкнотите, униформите и да ги осуди партизаните и Република Македонија дека вршеле геноцид врз Албанците.
- ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи некој да тргува со државните и националните интереси само за да се спаси од кривична одговорност, потенцираше Данев.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...