Спасовски: Иванов да го даде мандатот за состав на нова влада

Скопје, 7 март 2017 (МИА) - СДСМ денеска го повика претседателот Ѓорге Иванов веднаш да го даде мандатот за состав на новата влада на парламентарното мнозинство од 67 пратеници.
Генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски изјави дека недавањето на мандатот од страна на претседателот Иванов претставува директно кршење на Уставот.
Тие очекуваат дека Иванов ќе се предомисли и оти ќе го додели мандатот за состав на новата влада.
- Побаравме веднаш, како што побаравме и првиот ден кога тој го прекрши Уставот, и ќе го повикуваме секој ден и секој час да биде разумен да се сети на Република Македонија и нејзините граѓани и да се издигне над политиката која што сега во овој момент му е во прв план се со цел да не создава дополнителна уставна криза и да не создава дополнителен страв, туку да си ја оствари неговата уставна определба за добивање на мандат и состав на новата влада, рече Спасовски.
Одговарајќи на новинарско прашање што доколку Иванов и понатаму не го даде мандатот, Спасовски рече дека ќе ги искористат сите можни расположливи демократски и правни средства за да ги остварат уставните начела и да ја формираат новата влада.
Коментирајќи го писмото на претседателот Иванов испратено до членовите на Европскиот совет, генералниот секретар на НАТО и до претседателите на САД и Турција, Спасовски оцени дека тоа претставува оправдание на Иванов.
- Иванов во услови кога го прекрши Уставот на Република Македонија и го погази членот 90 во којшто јасно се укажува дека парламентарното мнозинство на партијата или партиите го добиваат мандатот за составот на влада, тоа не го стори. Ја вовлече Македонија во дополнителна криза, ги крена тензиите кај граѓаните, било какво писмо, било какво обраќање е само негово оправдување, рече Спасовски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...