СДСМ го повика Иванов да го даде мандатот за составување влада

Скопје, 8 март 2017 (МИА) - СДСМ денеска преку соопштение повторно го повика претседателот Ѓорге Иванов да не го крши Уставот и да го даде мандатот за составување нова влада.
- Ѓорге Иванов да престане да го крши Уставот и да остава простор за лаги од пропагандата и за насилство. Иванов е должен веднаш да го даде мандатот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, за формирање на новата Влада на Р. Македонија, се вели во соопштението.
СДСМ посочува дека мнозинството граѓани гласале за квалитетен живот, нови работни места, подобро образование, здравство и култура и оти тоа ќе бидат приоритетите на новата влада.
- Македонија, како што се обврзавме и во Планот за живот, ќе биде едно општество, на еднакви граѓани, во кое што ниту една заедница нема да биде ниту маргинализирана, ниту привилегирана. Единствен можен следен чекор е одблокирање на демократските процеси и мирен трансфен на власта, наведува СДСМ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...