Бранко Прља и Роберт Алаѓозовски на Саемот на книгата во Лајпциг

Скопје, 23 март 2017 (МИА) - Младиот македонски писател Бранко Прља ќе учествува во програмата, „Ниту исток ниту Запад, алхемијата на Балканот“ на Меѓународниот саем на книга во Лајпциг, кој почнува денеска и ќе трае до 26 март. Неговото учество го организира издавачката куќа „Готен“ во партнерство со европската мрежа за литература и книги „Традуки“.
- Бранко Прља, еден од нашите најиновативни и експериментаторски автори, ќе се претстави преку тематски разговор заедно со Маша Дабиќ, а под модераторство на Амир Камбер. Мотивот за поврзувањето на овие двајца автори е во фактот што и Маша Дабиќ и Бранко Прља го напуштиле Сараево 1992 година, кога изби војната во Босна и Херцеговина. Бранко Прља се преселува во Македонија. Маша Дабиќ во Австрија. Разговорот ќе се фокусира на нивната авторска поетика и трагите од нивната судбина во заднината на нивните дела, соопшти „Готен“.
На манифестацијата ќе биде претставен каталогот „Свежа крв“ што за оваа пригода беше специјално подготвен од „Готен“, во која со кратки одломки, биографски податоци и рецезентски белешки, на германски јазик се претставени седум млади автори од Македонија. Нивните дела и кариери се во нагорна линија, а во каталогот ќе бидат претставени со нивните најнови или најнаградувани прози, авторски дела кои досега не биле преведени на германски јазик, ниту претставени пред германската публика. Во каталогот се застапени добитниците на наградата за литература на ЕУ, Лидија Димковска, Гоце Смилевски и Ненад Јолдески, добитникот на наградата Роман на годината, Петар Андоновски, финалистите на истата награда, Владимир Јанковски и Бранко Прља и Румена Бужаровска.
Каталогот ќе им биде разделен на претставници на издавачките куќи присутни на саемот, на авторски агенции, книжевни агенти и други застапници кои посредуваат во објавувањето на авторските дела на меѓународниот пазар на книги. Публикувањето на каталогот е дел од проектот „Различна Европа: интеркултурни автори во дигитала и надвор“, поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.
За време на саемот, Роберт Алаѓозовски од издавачката куќа „Готен“, координатор на претставувањето, ќе оствари средба со раководните луѓе од мрежата „Традуки“ и ќе разговара за можностите и Македонија да стане дел од ова партнерство.
- Членки на оваа мрежа се речиси сите земји од регионот, министерствата за култура на Хрватска, Црна Гора, Романија, Србија, Албанија и Словенија, како и државни агенции од Австрија и Швајцарија и фондации за култура од Германија. Како дел од програмата за соработка „Традуки“ освен што одобрува преводи на македонски автори, ја финансира книжевната резиденција во Скопје, поддржува програми за промоција во странство и разни книжевни манифестации во земјата. И покрај тоа што Македонија не е формален член од мрежата, издавачите и организациите од земјата се меѓу најуспешните во добивањето подршка, наведува „Готен“.
Меѓународниот саем на книгата во Лајпциг е меѓу најзначајните книжевни манифестации во Европа која ги промовира авторите кои се претставуваат на саемот и ги зголемува нивните шанси да бидат преведени на германски, но и на останатите јазици од светот и регионот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...