„Табла“, Триста“, Тотал“ и „Тифани“ нови истраги на СЈО

Скопје, 23 март 2017 (МИА) - Специјалното јавно обвинителство отвори четири нови финансиски истраги за четири лица кои се однесуваат на набавки во МВР, изградба на училиште во општина Зајас и за даночни затајувања, а се водат под називите „Табла“, „Триста“, „Тотал“ и „Тифани“.

Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на денешната прес-конференција информира дека првата истрага „Табла“ се однесува на залоупотреба на службена положба од страна на директор на ЦОУ „Реџо Рушит“ во Зајас за изградба на училиште.
Фетаи појасни дека тој се сомничи дека без тендер и спротивно на задолженијата дадени од Министерството за образование и наука склучил договор за изградба на училиште во село Строговиште со „Браупроф“ ДООЕЛ Кичево, при што овозможил противправна имотна корист од 200.000 евра.
Втората истрага „Триста“ се однесува на кривично дело залоупотреба на службена должност од страна на помошник министер во Министерството за внатрешни работи во врска со јавна набавка за 300 возила. Како што рече Фетаи тој се сомничи дека го оштетил буџетот за 453.570 евра.
Фетаи посочи дека постои основано сомнение дека незаконски доделил договори за купопродажба и одржување возила на Порше, Кадис, Бохемија, Колевски, Автокуќа и Аутомодус избрани како економски најповолни понуди.
„Тотал“ е третата истрага во која постои основано сомение за даночно затајување од страна на сопственикот на Тотал маркетинг агенција, Тотал маркетин ДООЕЛ Скопје, Медиа макс и сопственик на Тотал меадиа центар Скопје.
Фетаи наведе дека од доказниот материјал произлегува дека од 2008 до 2015 година со намера тој и правните лица да одбегнат делумно палаќање на даноци во книговодствената евиденција давал лажни податоци со што правните лица за наведените години одбегнале да платат 121.414 евра и тој како физичко лице одбегнал плаќање 63.032 евра.
Правните лица ги користел за набавка за свои лични потреби како душеци, рачен часовник, мебел, персиски теписи, кујнски садови...
И четвртата истрага „Тифани“ е за даночно затајување во кое се сомничи физичко лице сопственик на Смарт центар ДООЕЛ и Смарт клуб ДООЕЛ Скопје кое од 2008 до 2014 година одбегнала плаќање од 37.634 евра на правните лица и за неа 16.924 евра.
Од СЈО наведоа дека деновиве ќе оформат обвинителен акт и оти не се побарани мерки за обезбедување за ниту еден од осомничените.
Одговорајќи на новинарско прашање обвинителката Ленче Ристовска ги отфрли овинувањата дека СЈО врши притисок врз медиуми, посочувајќи оти работат законски и затоа ја информираат јавноста.
Специјалната јавна обвинтиелка Катица Јанева на прес-конференцијата побара Собранието на РМ да ја разгледа можноста за продолжување на рокот за функционирање на ова Обвинителство, наведувајќи дека овие финансиски истраги бараат подолг временски период за да можат да ги завршат истрагите што се почнати и да го исполнат мандатот.
Специјалното јавно обвинителство досега покрена истраги за случаите „Тортура“, „Титаник“, „Транспортер“, „ТНТ“, „Тврдина“, „Трезор“ „Топлик“, „Тендери“, „Таргет“, „Тарифа“, „Тенк“ и „Труст“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...