Изборите не ја решиле кризата, потребни се нови

Скопје, 23 март 2017 (МИА) - Мнозинството граѓани во Република Македонија сметаат дека со изборите што се одржаа на 11 декември минатата година не се надминала политичката криза. Најголем процент од нив сметаат дека нови парламентарни избори заедно со претстојните локални се решение за актуелната криза, покажуваат резултатите од телефонската анкета на Институтот за политички истражувања Скопје (ИПИС).
На прашањето дали изборите помогнале да се надмине кризата, негативно се изјасниле 65,5 проценти, позитивно 23,2, а 11,3 проценти не знаат.
За нови избори како решение на кризата се изјасниле 45,8 граѓани, 35,5 проценти сметаат дека решението е претседателот Ѓоргие Иванов да му го даде мандатот на Зоран Заев.
Од граѓаните етнички Македонци, 55,6 проценти сметаат дека нови избори се решение за кризата, а 30,2 проценти дека таа ќе се надмине со давање на мандатот на Заев. Немаат одговор или не знаат што би ја решило кризата 14,2 проценти од етничките Македонци. Кај етничките Албанци, пак, преовладува ставот дека давањето мандат на Заев е решението за кризата, за што се изјасниле 55,5 проценти, а само 9,2 проценти сметаат дека се потребни нови избори. Дека се без одговор или не знаат се изјасниле 35,3 проценти.
Најголем дел од граѓаните - 56,5 проценти го оправдуваат претседателот Иванов и неговата одлука да не му го додели мандатот на лидерот на СДСМ, 29,8 проценти сметаат дека тоа не е во ред, а 13,7 проценти немаат одговор.
Во анкетата на ИПИС граѓаните одговарале и на прашање поврзано со работата на СЈО. Запрашани со кое од дадените тврдења се согласуваат, 50 проценти се изјасниле дека СЈО е под одредено влијание и контрола, од кои 24,5 дека е под контрола на СДСМ, а 25,5 дека е под контрола на странци. Од испитаниците, 33 проценти се изјасниле дека работи независно и професионално, а 17,1 не знаат или немаат одговор.
Поделени се мислењата дали на СЈО треба да му се продолжи мандатот. Од испитаниците во анкетата, 41,7 проценти се изјасниле дека не треба, 40,6 дека треба да се продолжи мандатот, а 17,6 дека немаат одговор.
Кај етничките Македонци, 52 проценти сметаат дека не треба да има продолжување на мандатот на СЈО, 29,7 дека треба, а 18,3 немаат одговор. Кај етничките албанци, пак, 80,7 проценти сметаат дека треба да се продолжи мандатот, само 5 проценти дека не треба, а 14,3 немаат одговор.
Најголем дел од испитаниците или 54,5 проценти сметаат дека во споредба со пред една година состојбата дополнително се влошува, 17,8 дека останува иста, 18,9 дека полека се враќа во нормала, а 8,8 проценти немаат одговор.
ИПИС истражувал и за довербата на политичарите кај граѓаните. Кај етничките Македонци, највисока доверба од 32,9 проценти има Никола Груевски, потоа Зоран Заев со 15 проценти, Ѓорге Иванов со 3,9 проценти и Али Ахмети во кого веруваат 0,2 проценти од испитаниците. Во Билал Касами, Мендух Тачи и Зијадин Села довербата е под еден процент, а во ниту еден не веруваат 27 проценти од граѓаните, за некој друг се изјасниле 1,9 проценти и не знаат или немаат одговор 19,1 отсто.
Кај етничките Албанци, пак, највисока доверба ужива Али Ахмети со 20 проценти и Зоран Заев 8,4 отсто. Во Зијадин Села веруваат 4,2 проценти, во Мендух Тачи 3,8 и во Билал Касами 5 проценти. Голем дел од етничките Албанци - 46,2 проценти не веруваат во ниту еден од нив, за друг се изјасниле 2,5 процети, немаат одговор 9,7 проценти. За Иванов и Груевскки не се изјаснил ниту еден од етничките Албанци.
ИПИС анкетата ја спроведувал во перод од 10 и 13 март годинава на 1.100 полнолетни испитаници.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...