Штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ одбележува 10 години постоење

Штип 23 март 2017 (МИА) - Со положување цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев, промоција на новите доктори на науки и на каталогот на изданија, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип денеска одбележа 10 години од своето постоење.
Ректорот на УГД Блажо Боев истакна дека како најмлад универзитет во земјава во изминатата една деценија создаде и во негови рамки функционираат 15 факултети и академии.
- После 10 години сме горди на она што го направивме. Универзитетот „Гоце Делчев“ е респективна установа со солиден дел во кавлитетот на наставата и едукацијата на студентите. Респективна во делот на истражувањата, во делот на меѓународната соработка и мислам дека градот Штип и Република Македонија многу добија во придонесот на квалитетот на високото обарзование во Република Македонија, рече Боев.
Во рамки на одбележувањето на 10-годишнината на УГД беше промовиран и Каталогот на изданија. Лилјана Колева-Гудева, претседател на Комисијата за издавачка дејноста на УГД-Штип, рече дека во катологот се опафтени сите изданија на универзитетот од 2007 до 2017 година.
- Овој каталог на 356 страници ги содржи сите електронски изданија, меѓутоа и печатени изданија. Значи, се што има реализирано како издавачака дејност универзитетот во своето 10-годишно постоење. Јас ќе кажам - една успешна приказна и низ призмата на издавачка дејност ние, всушност, ќе видеме како хронолшки се развиваше универзитетот, истакна Колева-Гудева.
На свеченоста беа промовирани и седум доктори на науки на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. Манифестацијата по повод една деценија од постоењето на УГД-Штип продолжува вечер во 18.30 во Домот на културата „Ацо Шопов“ со отворање изложба на студентски фотографии, промоција на филм и свечена академија. Во културно-уметничкиот дел ќе настапат Влатко Стефановски, Тони Китановски и актерот Никола Ристановски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...