Продлжува реконструкцијата на старите конаци на Еленец

Македонска Каменица, 24 март 2017 (МИА) - Започна реконструкцијата на уште еден конак на туристичкиот локалитет Еленец кај каменичка Цера.Средствата за реализација на овој проект кој оди во насока на развој на туризмот во Македонска Каменица, се обезбедени од Здружението на граѓани „Еленец - Цера“ и општина Македонска Каменица.
Градоначалникот Дарко Митевски, денеска на прес-конференција истакна дека за овој проект, општина Македонска Каменица издвоила 150 илјади денари и со реконструкцијата на овој стар конак, вкупниот број на реконструирани конаци ќе биде три.
- Ние го започнавме проектот за ревитализација на локалитетот Еленец, кај Цера и со средства од ИПА програмата пред три години успеавме да го изградиме локалниот пат до локалитетот и манастирот и да реконструираме два од старите конаци кои ги адаптиравме со цел да обезбедиме сместувачки капацитети. Остануваат за реконструкција уште три конаци, кои планираме да ги реализираме до крајот на годината со што бројот на сместувачки капацитети ќе се искачи на 30 легла, рече Митевски.
Тој додаде дека оваа соработка е добар пример кој општина Македонска Каменица го применува и со останатите невладини организации во општината.
- Преку НВО секторот, а со подрдшка на општината, беа набавени и медоносни дрвца за пчеларите, се дадоа средства и на Здружението на риболовци за порибување на езерото Калиманци. Исто така, дадени се средства и на ловното друштво кои се искористени за доуредување на објектот на Здружението, но и за зимска прихрана на животните. За нас е значајно и што средствата што ги даваме на спортските клубови ја оправудваат нашата доверба и нашите спортски клубови постигнуваат резултати, како што е ФК „Каменица-Саса“ кој имаше успешно пролетно првенство, а се подготвува за влез во Втората лига, рече Митевски.
Митевски најави дека и во иднина ќе се поддржува работата на невладиниот сектор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...