Општина Зрновци започна со изградбата на стационар за бездомни кучиња

Зрновци, 24 март 2017 (МИА) - Во Општина Зрновци почна да се гради стационар за кучиња кој ќе биде лоциран во кругот на фабриката за селектирање комунален отпад во Зрновци. Ќе зафаќа површина од околу 100 метри квадратни и во него ќе бидат лоцирани четири боксови за сместување на кучињата, а истовремено стационарот ќе нуди и третман на заловените кучиња. Истретираните здрави кучиња ќе можат и да се вдомат.
Градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков информира дека со средства од Општината е набавена оградната мрежа, а се подготвуваат и боксовите за сместување на кучињата. Од општината најавуваат и ангажирање на фирма која стручно ќе се грижи за заловување на кучињата скитници и нивно третирање.
Група младинци од Кочани и Зрновци, кои целосно го поддржуваат градоначалникот Станков за идејата за изградба на стационар ќе помагаат во третирањето и хранењето на кучињата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...