|
|
|
Иницијативата „За заедничка Македонија“ и денеска со порака за унитарна МакедонијаСкопје, 26 март 2017 (МИА) - Поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ денеска на скопскиот плоштад симболично го направија заштитниот знак на иницијативата во боите на Македонија и повторно упатија порака за заедничка и унитарна Македонија, против „тиранската платформа“. Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“ рече дека оваа недела е многу успешна за граѓанскиот сектор во Македонија. - Во вторникот Скопје и Македонија го видоа најголемиот протестен марш во историјата во последните 26 години. Остануваме на барањата бидејќи единствено со излегување на улиците и со масовност нашите барања доаѓаат до реализација, истакна Илиевски. Порача дека не планираат да отстапат. - Ќе нагазиме со посилна пареа затоа што нашите барања се човечки, легитимни и на крај на денот кога 200 илјади луѓе ќе излезат мора да ги слушнете, рече Илиевски. Тој потсети дека нивната прва победа е кога претседателот Ѓорге Иванов одбил да го даде мандатот на луѓе потписници и поддржувачи на тиранската платформа, вториот пат кога одбил да се сретне со комесарот Јоханес Хан легитимирајќи ги од Иницијативата да оствари средба со нив и третата победа била кога во петокот на 24 март најавената влада не се формирала. Најави дека иницијативата „За заедничка Македонија“ од утре продолжува со марш од пред Владата до Собранието на Република Македонија.
|
|
|
|
|
|
|
|
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
|
Виц на денот |
|
Две плавуши прават муабет за култура. - Си го гледала оној филмот ТИТАНИК? - Да, да , и тоа три пати. - А која сцена ти остави највеќе впечаток. - Онаа кога беа на бродот.
|
|
|
|
Состојба на патиштата |
|
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.... |
|
|
|
Верски календар |
|
|
|
|
На денешен ден |
|
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
|
|
|
|