Основен суд Крива Паланка лани работел на 5.291 предмет

Крива Паланка, 28 март 2017 (МИА) - Во 2016 година во Основен суд Крива Паланка во работа имало вкупно 5.291 предмет од кои 657 се од претходната година, а 4.634 се новопримени предмети.
- Решени се 4.639 предмети, односно приливот на новопримени предмети на ниво на суд е совладан и се решени дел од предметите од заостатокот. Од вкупно 4.634 новопримени предмети лани, 1.337 предмети се на кривичниот оддел, 982 се на граѓански оддел, додека најголем број предмети, 2.320 се административни предмети - информира Валентина Николовска, одговорно лице за информации до јавен карактер, Основен суд, Крива Паланка.
Во 2016 година во судот е посветено внимание и на квалифицирање, означување, средување и издвојување на архивски предмети.
- Работните обврски се одвиваа во комисии и при тоа беа обработени 10.743 предмети од кои архивирани, кои трајно се чуваат се 261 предмет, а 4.386 предмети на кои им е истечен рокот за чување и по спроведена постапка согласно Законот за архивски матријал и по добиената согласност за уништување од Архивот на РМ, беа уништени, додава Николовска.
Во текот на 2016 година е подготвен матријал за уништување на 6.096 разни предмети од 2006 година за што се очекува добивање на согласност за негово уништување во текот на 2017 година од Архив на РМ.
Со годишната распределба на буџетот за 2016 година, Судскиот буџетски совет на Основен суд Крива Паланка му одобри средства за матријални расходи во вкупен износ од околу 3 милиони денари.
- Со цел граѓаните полесно да дојдат до информации со кои располага судот е формирана Канцеларија за односи со јавноста, а определено е лице за посредување на информации од јавен карактер кое во текот на 2016 година во законски рок има одговорено на 15 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер, нагласи Николовска.
Судот има определено и лице за комуникација со граѓаните кои имаат определен вид и степен на попреченост. А во тек е и соработка со Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права како судот би ја подбриил техничката пристапност на овие лица до судот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...