Протести на иницјативата „За заедничка Македонија“ во Скопје

Скопје, 29 март 2017 (МИА) - Учесниците на протестите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ вечерва од пред седиштето на СДСМ упатија порака до пратениците од оваа политичка партија да се откажат од тиранската платформа и да не гласаат за претседател на законодавниот дом кој нема да се откаже од тиранската платформа.
- Денес сме тука уште еднаш да им порачаме дека граѓаните секој ден на повеќе од 40 места излегуваат се помасовно на улиците за да ја одбранат унитарноста на Република Македонија која е загрозена. Нема да дозволиме тиранска платформа да биде официјална програма на влада, истакна Богдан Илиевски еден од иницијаторите на протестите.
Борис Дамовски посочи дека пратениците се прочитани одамна.
- Прочитани се пратениците одамна: Откажете се од тиранската платформа. Се изнавикавме, ги наброивме, апелиравме, рече Борис Дамовски.
Актерот Ванчо Петрушевски на денешниот протестен марш кој се одржува 30-ти ден, исто така, побара јасно откажување од тиранската платформа и додаде дека секој ден ќе бидат се побројни во борбата против таа платформа.
- За оваа Македонија, унитарна Македонија, животите ги давале пред 100 години, пред 60 години и пред 17 години. Овде има плоча на која се испишани имињата на храбрите синови кои загинаа во 2001 година. Затоа ние секојдневно излегуваме овде и велиме дека Македонија само таква, унитарна и единствена, ја сакаме и во таква Македонија сакаме да живееме, истакна Петрушевски кој се обрати пред зградата на Собранието.
Протестот на „За заедничка Македонија“ вообичаено почна пред Владата, продолжи до Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија, помина пред Собранието, а заврши пред седиштето на СДСМ.
Организаторите најавија масовен протест во четврток пред Собранието, од каде, како што посочи Богдан Илиевски, ќе порачаат до пратениците дека не смеат да одберат претседател кој нема да ја отфрли тиранската платформа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...