Туск во Скопје на средба со Иванов

Скопје, 3 април 2017 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск денеска ќе ја посети Република Македонија. Тој во Скопје ќе има средба со македонскиот претседател Ѓорге Иванов на која, според најавите, ќе се разговара за мигрантската криза, улогата на Македонија во справувањето со неа, како и за политичката состојба во Македонија.

Претседателот Иванов, како што информира неговиот кабинет, освен за актуелните состојби со мигрантската и бегалската криза, улогата на Македонија и состојбите во регионот, ќе го запознае Туск и со политичката ситуација во земјата, а ќе се разговара и за европската перспектива на регионот.

Посетата на Македонија на првиот човек на ЕУ се реализира во пресрет на се почестите предупредувања од нов бран бегалци, како и во контекст на се посилните тензии меѓу ЕУ и Турција за прекин на договорот за мигрантите. Најавите од страна на турскиот претседател Ердоган за прекин на приемот на мигранти претставува голема закана за Европа, пред се, за балканските држави, што е причина за алармирање на Европската Унија.

Ова е трета посета за две години на Туск на Република Македонија. На последната средба во март 2016 година, Туск и претседателот Иванов дискутираа за постигнување заедничко европско решение за бегалската и мигрантската криза. На тогашната средба, Иванов предупреди за илегалната миграција и насилното влегување во Македонија и беше дециден дека Република Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза.

Македонскиот претседател тогаш порача дека Македонија ќе ги преземе сите активности за заштита на државните граници и за зачувување на националната безбедност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...