Решението за кризата е на вас, поддршката од ЕУ за европерспективата недвосмилена

Дојдов овде со силна порака од лидерите и институциите на ЕУ: заложбата на Европската унија во поглед на вашата европска перспектива е недвосмислена. Напредувањето кон членството во ЕУ и НАТО се покажа како фактор на заедништво. Заедништво кое е толку многу потребно денес во вашата земја. Затоа, се надевам дека ќе продолжите да го следите овој внатрешен компас и ќе го избегнете сето она кое што може да разгори дополнителни тензии, вклучително и по етнички линии, порача претседателот на Европскиот совет Доналд Туск на денешната заедничка прес-конференција со македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Во однос на политичката криза во земјата, Туск порача дека одлуката за тоа е на Македонија и побара решение базирано на демократските начела, пристојност и здрав разум.

- Претседателе Иванов, ви одговорив на писмото од почетокот на март за изнаоѓање на излез од актуелната политичка криза. Оваа долготрајна криза ја успорува вашата држава на евро-атлантскиот пат. На вас е да најдете решение засновано на демократски начела, пристојност и здрав разум. Само таквото решение може да биде трајно. Кога ќе најдете такво решение, можете да сметате на нашата поддршка“, истакна Туск.

Претседателот Ѓорге Иванов, пак, рече дека детално го запознал Туск со неговите уставни овластувања како претседател на Република Македонија како и со воспоставената практика од 1992 година за определување на мандатаор за составување на новата влада.

- Мојот став останува непроменет. Правната и политичката пречка мора да се отстранат. Целта на двата услова е новата влада да не биде оспорена од ниту една страна и по ниту една основа. Мојата одлука е превентивна, за да спречиме штетни последици со кои би се соочиле. Уценета Влада е нестабилна Влада со краток рок на траење и штетни последици, рече претседателот Иванов.

Потсети и дека Европската Унија е гарант на само два договори – Охридскиот рамковен договор и Договорот од 2015 година.

- Оттука, императив за партиските лидери треба да биде спроведување на итните реформски приоритети. Прва точка на дневниот ред на партиите и пратениците треба да бидат европските реформи, а не спроведување на постизборна платформа креирана во туѓи држави, рече претседателот Иванов.

Оцени дека со платформата се загрозува независноста на државата, се условува постигнување на парламентарно мнозинство, се уценува составот на нова влада, и, како што рече, се нарушуваат добрососедските односи со директно мешање во внатрешните работи во Македонија, се поттикнуваат тензии во меѓуетничките односи, се манипулираат граѓаните со прашања кои се надвор од Рамковниот договор, се бара промена на Уставот.

- Затоа, на Република Македонија ѝ се потребни европски реформи, а не туѓи платформи. Како држава мора да се фокусираме на европските реформи. Само реформите ќе ни помогнат да го искорениме коренот на политичките кризи. Но, тоа не е само наш предизвик, туку и на добар дел од регионот. Затоа, сметам дека ЕвропскатаУнија треба да најде начин да ги отвори 23-то и 24-то поглавје за правосудството, основните права, правдата, слободата и безбедноста, и тоа за сите земји кандидати и потенцијални кандидати од регионот. А за да се спречи блокирање на процесите, Европската Унија треба да најде начин процесот на пристапување да не се злоупотребува за уцена при решавањето на билатерални прашања. Блокадата на евроинтеграцискиот процес на Република Македонија мора да прекине, час поскоро, рече претседателот Ѓорге Иванов.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...