Одбележување на денот на Командата за обука и доктрини

Скопје, 13 април 2017 (МИА) - Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија денеска во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес ќе го одбележат денот на Командата за обука и доктрини (КОД).
Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на Армијата на Република Македонија, денешниот датум е одреден како ден на КОД. На овој датум во 1992 година пристигнаа првите регрути од регуларниот состав на Армијата на Република Македонија на отслужување на воениот рок во самостојна и независна Република Македонија.
На свеченоста ќе присуствува и првиот регрут Панче Јамандиев, како и високи претставници од ГШ на АРМ, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, поранешни команданти, пензионирани генерали, припадници на единицата.
- Денот на единицата ќе се одбележи со соодветна програма согласно правилото за воен протокол на која ќе има пригодни обраќања, доделување стимулативни мерки, а ќе биде прогласена и најдобра екипа за одржаните спортски активности кои претходеа на одбележување на денот, соопштија организаторите на свеченоста.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...