ВМРО-ДПМНЕ: Нови парламентарни избори за излез од кризата

Скопје, 13 април 2017 (МИА) - Нови парламентарни избори се единствен излез од ситуацијата во која СДСМ ја доведе државата, бидејќи само така граѓаните јасно ќе можат да се изјаснат околу тиранската платформа и нема да се чувствуваат измамено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите.
- Народот не дозволува ниту формирање тиранска влада, ниту реализирање тиранска платформа и не го интересираат фактурите на Заев. Затоа СДС е во паника и е цврсто решен својата фактура да ја плати со распродажба на највисоките национални и државни интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Се нагласува дека СДСМ е однародена партија и затоа стотици илјади граѓани секојдневно им порачуваат дека е почесно да ги одлежат затворските казни што ги чекаат за криминалот отколку да извршат предавство.
- Ветувањата и обврските на СДС кон нарко-мафијашките структури кои им помагаа на избори се нивен проблем, а не проблем на народот. Сервилниот однос кон сите што го негираат македонскиот идентитет и предавничкото молчење и прифаќање на тиранската платформа е проблем на криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него, а не на народот. СДС е на спротивна страна од народот и гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и се потенцира дека цената на фактурата СДСМ може да си ја плати со криминално стекнатиот имот на нивното раководство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...