ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не реализира ниту еден проект за заштита на културното наследство

Скопје, 17 април 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение ја оцени како политички памфлет денешната прес-конференција на Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура на СДСМ, на која, наведуваат, Алаѓозовски ја покажал својата елементарна некомпетентност за работите кои се обидува да ги коментира.
- СДС и Алаѓозовски немаат кредибилитет да говорат за заштита на културното наследство и унапредување на туристичкиот потенцијал на Република Македонија од проста причина што во време на нивното практицирање на власта не реализираа ниту еден единствен проект од оваа област. СДС не реализираше ниту еден проект за конзервација, реставрација и санација на ниту еден објект или локалитет од пребогатото културно наследство на Република Македонија, а истите беа оставени без никаква заштита со што стануваа лесна цел за дивите копачи, се наведува во реакцијата.
Во врска со наводниот ризик за Охрид и опасност од губење на статусот град под заштита на УНЕСКО, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека „Алаѓозовски и СДС повторно ги манипулираат граѓаните, спротивно на изјавите од официјалните лица на мисијатата на УНЕСКО дадени непосредно по нивната официјална посета на земјава, во кои експлицитно се вели дека никогаш не станало збор Охрид да биде избришан од листата на УНЕСКО“.
- Граѓаните во изминатиов период видоа што значат инвестиции и грижа за државните и национални интереси. Сега се потсетуваат што значи деструкција и антидржавничко делување на СДС. Граѓаните се против антидржавната политика на СДС и со право се револтирани од постизборната измама која им ја приреди СДС и тоа се повеќе и повеќе јасно го покажуваат. Затоа народот е на улиците, затоа Македонија се буди, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...