ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава

Скопје, 21 април 2017 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ денеска во соопштение го оквалификува претседателот на СДСМ Зоран Заев како „заробеник на желба за власт подготвен да проголта секаква антидржавна изјава само за да направи влада“.
Според ВМРО-ДПМНЕ, коалициските партнери на Заев од Алијанса за Албанците вчера уште еднаш потврдиле дека не им е битен државниот интерес, туку националното прашање на Албанците, односно дека ќе коалицираат заради исполнување на барањата од т.н „тиранската платформа“ со СДСМ.
- Заев не излезе и не го осуди својот иден коалициски партнер кој албанските национални интереси ги става над интересите на Република Македонија, исто како што не собра храброст да го осуди и Зијадин Села, Еди Рама и Дитмир Бушати. Заев не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од неговите официјални партнери кои му ги дадоа потписите за реализација на „тиранската платформа“. Заев е заробеник на желбата за власт и е спремен да проголта секоја антидржавна изјава, само за да направи влада, се вели во соопштението.
За разлика од Заев и криминогената врхушка на СДС, се додава во соопштението, граѓаните не сакаат двојазичност, бинационалност, двојазични банкноти, промена на знаме, химна и грб и промена на името по грчки терк, а најмалку сакаат федерализација на државата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...